(Фото) Бритни Спирс го остави светот „без текст“

Сите се надеваа дека познатата Бритни Спирс, откако ќе се ослободи од оковите на долгогодишното старателство, ќе води помирен живот со својот вереник, но пејачката одлучи да го остави светот „без текст“.

Имено, Спирс на социјалните мрежи ги шокираше своите милиони следбеници, објавувајќи неколку фотографии на кои е целосно гола.

Фотографиите се направени за време на одморот во Мексико, каде таа била со своето момче Сем Асгари, непосредно пред да забремени.

– Фотографијата е направена кога последен пат бев во Мексико, пред да забременам. Зошто изгледам 10 години помлада на одмор?

Веднаш се соочи со лавина негативни коментари, речиси никој не напиша убав збор. Фановите ја потсетија дека не им дава добар пример на синовите кои се тинејџери и многу лесно можат да ги видат нејзините објави на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Меѓутоа, многумина се прашуваа и што се случи со Сем. Поединци го молеа да не размислува за парите и врските кои доаѓаат со Бритни, туку да се обиде да ја спречи да се однесува на начин кој може да и наштети.

Сем Асгари е фитнес тренер и актер, би се рекло во обид, кој е 13 години помлад од Бритни Спирс. Неодамна се вери со пејачката, а сега го очекуваат првото заедничко дете.

Коментари

Популарно