(Фото) Александра Накова на свадба отиде со максимално провокативен фустан

По велигденските пости, започнаа да се одржуваат свадбените прослави, па дел од познатите Македонци ги гледаме и како гости, но и како главни ликови, односно младенци на свадбите.

Александра Накова не е меѓу оние кои ќе се мажат по вторпат, барем не периодов, но беше гостинка на свадба во една позната винарија во Демир Капија.

А таму Накова, освен младите, беше во фокусот на вниманието. Како што е ред таа се дотера свечено, ама ваков стајлинг ретко која дама би имала храброст да го облече на свадба.

Светскавиот фустан е со отвор од страните од каде се гледаа нејзините, речиси, голи гради. 

Александра „го одзеде здивот“ и на присутните на свадбата, но и на оние што подоцна видоа на социјалната мрежа „Инстаграм“ како таа изгледаше.

Доволно атрактивна и максимално провокативна, гевгелиската убавица знае како треба да се дотера за секоја пригода.

Коментари

Популарно