(Фото) Дали ова е навистина најубавата жена на светот?

Романската манекенка и актерка Мадалина Генеа е нова светска ѕвезда и Инстаграм ‘лудува’ по неа.

Откако се појави на Канскиот филмски фестивал минатиот месец, медиумите ја обожаваат, а повеќе од милион следбеници на Инстаграм се убедени дека таа е најубавата жена на светот во моментов.

Интернет екипата е особено импресионирана од нејзините фотографии без шминка на социјалните мрежи, а Мадалина постојано прави нови фотографии и модни кампањи.

34-годишната Романка успешно зачекорила во филмските води со улогата на Софија Лорен во филмот House of Gucci, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со познатата актерка. Некои мислат дека е поубава од Софија Лорен.

На Инстаграм ја следат повеќе од милион корисници, а на нејзината убавина не одолеале ниту познатите момци со кои била во врска, како Џерард Батлер, Мајкл Фасбендер и Леонардо ди Каприо.

Дали она навистина е најубава жена на светот?

Коментари

Популарно