Украинки со голотија, против Путин!

Група Украинки дошле на идеја да им помогнат на војниците кои неуморно се борат против Русија продавајќи разголени фотографии и во таа прилика веќе собрале вртоглава сума на пари.

Украинка по име Настасија Наско започнала проект наречен „TerOnlyFans“ каде група луѓе, главно жени, доброволно се пријавиле да соберат пари за украинските војници. За три месеци, тие собрале близу 800.000 долари.

Идејата била поттикната само неколку дена по руската инвазија која започна на 24. февруари и сега влезе во четвртиот месец. Настасија на својот Твитер молела за помош од познаници кои бегале од Харков, а бидејќи никој не и одговорил, таа потоа се пошегувала дека својата гола фотографија ќе ја испрати на оној кој ќе и направи услуга.

За само пет минути од објавувањето, 23-годишната девојка добила дури 10. пораки од луѓе кои и нудат помош.

Нејзината познаничка успеала безбедно да го напушти градот, а Настасија го одржала ветувањето. Тогаш таа сфатила дека тоа може да го користи понатаму. Со помош на нејзината пријателка Анастасија Кучменко, таа ја лансирала платформата TerOnlyFans, каде што кратенката „ter“ означува Територијална одбрана.

Сајтот започнат на 8. март, односно Меѓународниот ден на жената, и покрај сличностите во името и навидум концептот, нема никаква врска со страницата за возрасни OnlyFans, тврдат креаторите. Оние кои учествуваат во собирање средства не добиваат никакви барања.

„Ние не исполнуваме сексуални фантазии, туку се обидуваме да собереме пари за војната“, објаснила Настасија.

Во моментов брои 40. луѓе, од кои 10. се анонимни, а има и неколку мажи. Повеќето од нив се наоѓаат во Украина и волонтирале без претходно искуство со ваков тип на сајтови, но има и неколку кои претходно ја користеле страницата за возрасни.

Креаторите на страницата TerOnlyFans објаснија дека таа е дизајнирана така што нејзините членови немаат никаква врска со парите што пристигнуваат. Тие одат директно во Украинската територијална одбрана, додека дел од парите одат за организации за бегалци и засолништа за животни.

Моментално најголемата донација е онаа од 2.800 долари, а пристигнала во криптовалута.

Исто така, Настасија истакнала дека донирале луѓе од целиот свет – Велика Британија, Франција, Холандија, а повеќето од нив доаѓаат од Украина.

Настасија живеела во Киев до почетокот на инвазијата, а потоа се преселила во Полска. Инаку, таа е родена во Белорусија, а истакнала дека е горда на тоа што им помага на луѓето.

„Многу сум среќна затоа што можам да ги поддржам моите Украинци“, рекла Наско, заклучувајќи дека тие немаат намера да престанат додека не заврши војната: „Ќе ставиме крај на ова кога Путин ќе умре, а Русија ќе престане со својата агресија“, порачала таа.

Коментари

Популарно