Јоци: Нек се сруши цело СДСМ!

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци која како членка на Шарената револуција се бореше против ВМРО-ДПМНЕ за да дојде СДСМ на власт сега со погрдни зборови кон партијата за која протестираше.

,,Таче и компанија се скроз готови!

Вечерва им стана јасно.

Од утре веќе нема да знаат што со себе – народот им дојде по скалпот!

Што се однесува до мене, слободно нек се сруши цело СДСМ и нек идат и пи*ку матер!”, пишува Ивановска по вчерашниот протест против бугаризација на Македонија и францускиот предлог со бугарски протокол.

Во друг пост на својот Фејсбук профил Јоци велиЧ
- Пендаровски тукушто ги изгуби сите шанси за втор мандат - вмровци го отпишаа и му ,,турија крстот", а сдсмовци нема да го запишат по ниеден основ - си имаат поважна листа на суети.

А потоа продолжува:

- Убаво викаше мајка ми покојна - ,,Овие СДСМ не се за Македонија, да си знаеш".

Ја послушав како умно дете.

Јоци го кометира и местењето на шатори пред владата во знак на протестЧ
- Вмровци распослале шатори пред Влада - до конечно отфрлање на ,,француски предлог".

Ако.

И ,,партизански" штаб изградете им пред влада, коа може Нефи, може секој!

За на крај да заврши со подолг стратус-анализа: 

- СДСМ немаат капацитет да ја разберат сериозноста на историскиот момент, а уште помалку се на ниво на задача - немаат слика во моментов во нивните глави дека со секој нов ден ескалира гневот кај народот и дека ќе летаат!

Очигледно е дека нивните ,,тајни полиции" не им ги дале потребните инфа за опасноста од народно востание.

[❗] Немаат поим од социјална психологија и психологија на толпа, затоа и си ги преџвакуваат изјавите, си пишуваат колумнички, квазианализи и бедни статуси кои допираат едваај стотина луѓе.

Не гледаат дека снежната топка се тркала и ќе удри право на Илинденска.

[ℹ] СДСМ, во најголем дел, отсекогаш се потпирале на олигархиски кругови - сељачиштата внатре од олигарси учеа прво како да држат лажица и вилушка, а потоа и како да одат, да се шишаат, како да врзат три реченици.. ...со други зборови они во најголем дел се целосно општествено нефокусирани, нивниот фокус отсекогаш бил од лична природа -,,кога ќе пораснам, сакам да бидам Хари".

Нивните квази-социјалдемократски врхушки за тоа време немаа/т допир со работничката класа, со обичниот човек кој јаде бурек и јогурт, со друг кој виси на скеле на 40 степени или со изнамачени жени кои работат трета смена во фабрика.

Поради сето ова, тоа е партија во најголем дел, која се бави секогаш сама се себе, си ги мерат суетите, кешот, колите, становите, плацевите, си подметнуваат сопки, си вадат афери и редовно се кодошат и се местат по медиуми - кај ,,свои" новинари, а и по амбасади.

Затоа и немаат време да видат што им се случува пред носот - НАРОД.

Тоа што вие читате дека некој е против Заев, му вади афери, не значи и дека е против Рада.

Тоа што Оливер е уште министер, а Мухамед во куќен притвор, а Рашковски по маркети, значи дека уште прописно не се исчистиле меѓу себе.

СДСМ.... Вашето време истече, вие сте најслабата карика.

Коментари

Популарно