Дали сте тешки за освојување и што сакате во љубовта?

Како што некои од нас по природа се покомуникативни, поотворени, а други поповлечени, така сме различни и во љубовта. Додека има такви кои веднаш ќе ви го отворат своето срце, на други им е потребно многу време и доверба за да бидат целосно искрени...

Ако не сте сигурни какви сте во врска, овој брз психолошки тест ќе ви помогне да дознаете. Сè што треба да направите е да ја погледнете илустрацијата и да прочитате нешто за себе во зависност од тоа што прво сте забележале.

Профил на маж

Доколку првото нешто што го забележавте е профил на маж, вие делувате како тешки за освојување, но тоа баш и не е така. Луѓето лесно помислуваат дека немате големи барања во врската, но сакате некој навистина да се труди околу вас и на тој начин да ви ја покаже својата љубов. Кога ќе го почувствувате тоа, вие возвраќате со иста мера.

Маж на коњ

Лицата кои најпрвин забележуваат маж на коњ се многу тешки за освојување. Вие сте недоверливи, па оној кој сака да ве освои ќе мора сериозно да се потруди околу вас и да ви посвети големо внимание. Сакате искрена љубов, но полна со страст.

Девојка која лежи покрај река

Доколку прво забележавте девојка која лежи покрај река, големи се шансите дека сте биле многу повредени во претходните врски бидејќи пребрзо сте го подариле вашето срце и сте се отвориле. Бидејќи сте останале повредени, вашиот најголем проблем е што сега не знаете како да се убедите себеси дека навистина постои вистинска љубов.

Коментари

Популарно