Баба Ванѓа предвидела уште една пандемија за 2022 година

Слепата јасновитка Вангелија Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, немала толку позитивни пророштва за 2022 година. Имено, пророчицата која го изгубила видот на 12 години, како што се тврди, предвидела природни катастрофи, водна криза, глад и нова пандемија во 2022 година.

Исто така, таа предвидела дека во 2022 година, виртуелната реалност наводно ќе ја преземе контролата врз луѓето кои поминуваат повеќе време од кога било пред екраните, односно кои ќе живеат повеќе во виртуелниот отколку во реалниот свет.

Понатаму, за 2022 година, таа наводно предвидува уште една пандемија, овој пат во Сибир, предизвикана од замрзнат вирус кој ќе се ослободи поради топењето на снегот и мразот под влијание на климатските промени.

Исто така, предвидува дека многу градови ќе бидат погодени од недостиг на вода со големи политички последици бидејќи земјите се принудени да најдат алтернативи.

Таа предвидува и глад во Индија, каде температурите наводно ќе достигнат 50 степени, предизвикувајќи скакулци да ги напаѓаат земјоделските култури. Земјата ќе биде погодена и од земјотреси и цунами.

Нејзините визии за 2023 година, наводно, вклучуваат промени во орбитата на Земјата, астронаути кои патуваат до Венера во 2028 година, муслимани кои владеат со Европа во 2043 година и крајот на универзумот во 5079 година.

Таа предвидела дека во 2046 година, луѓето ќе живеат повеќе од 100 години, благодарение на технологијата за трансплантација на органи. Од 2100 година, таа веруваше дека ноќта ќе исчезне и вештачката сончева светлина ќе осветли уште еден дел од Земјата.

Многу луѓе веруваат дека предвидувањата на Баба Ванѓа продолжуваат да се остваруваат по нејзината смрт во 1996 година. Од друга страна, некои мислат дека нејзините предвидувања се само празни приказни.

Коментари

Популарно