Се разведуваат Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Сите даваа претпоставки колку долго ќе трае бракот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, и колку сопружниците ќе издржат без кавги и расправии, бидејќи пејачката многу работи и патува низ светот, а е далеку од дома.

Сите оние кои веруваа дека врската помеѓу пејачката и синот на тенисерот Боба Живојиновиќ ќе трае кратко, згрешиле, бидејќи очигледно сопружниците кои го имаат синот Александар живеат своја бајка, а бракот дополнително го зацврстиле што почнуваат да соработуваат.

Зад новите песни на Александра стоеше продукциската куќа во сопственост на Филип, за која, според порталите, издвоила луксузен стан во главниот град. Пејачката дала повеќе од 150.000 евра за продукција, промоција и маркетинг, а неодамна изјави дека работата на новиот проект многу ја исцрпувала, па дури и довела до расправии со сопругот, што вообичаено не е случај.

– Беше многу заморно поради желбата се’ да испадне најдобро. Тој повеќе ми замерува отколку јас него. Она што тој мисли ми е важно бидејќи најмногу му верувам. Генерално не се караме, но ако се случи тоа е поради песните и спотови – истакна пејачката и потврди дека расправиите со сопругот најчесто ги решава мирно и дека на почетокот на врската и двајцата ставиле точка до големи борби.

И покрај лошите добронамерници, се чини дека бракот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ќе доживее долг работен век, а сопружниците под ист покрив ќе доживеат длабока старост.

Коментари

Популарно