По 4 години се врати во татковината: Зошто се вративме од Нов Зеланд во Македонија?

Марија Баришин Лус од Скопје, универзитетски предавач со докторат на тема Организациско однесување, сопруга на Сајмон и мајка на Мартин (12), по 4 години живот во Нов Зеланд се пресели назад во Македонија.

За нејзината одлука таа објави детален Фејсбук статус.

Нејзината објава на тема „Зошто се вративме од Нов Зеланд? Убава и средена земја со драги луѓе!“ гласи:

„Две мои блиски другарки ги изгубија мајките во Македонија и не можеа да ги испратат. Зошто? Далеку, скапо, немање време од работа и за време на ковид - затворени граници.

Мајка ми има 84 години, не да се али 84. Не верувам дека ќе го преживеев тоа затоа што покрај огромната љубов јас до ден денес сум емоционално ко-зависна од нејзиниот совет и одобрување. Татко ми е младич и бољи/попокретен искрено не знам од него али 78 години.

Златен народ, помош од државата добивавме до 15.000 долари годишно затоа што моите примања не беа стабилни и редовни, но како доаѓаа така одеа на сметки. Страшно високи трошоци посебно кирија/хипотека, а ниски плати (не во тој размер како во Македонија јасно). Но, сè повеќе фамилии без дом поради недостиг на живеалишта. Храната за 30% поскапа од Австралија, а платите 30% пониски. Гладни деца колку сакаш!

Највисока точка на тинејџерски самоубиства во земјите на ОЕЦД, а имам тинејџер кој две години ми кука дома да си дојде (не играат деца на улица) и кој дали вистински или манипулативно имаше такви изјави.

Прекрасни плажи за шетање и гледање и природа, но за бањање не можат вода на Халкидики да му носат. Топол океанот, но како да се бањаш во Преспа.

Земја со нула корупција исто како Данска ама јас некако успеав да предавам на државен факултет каде Скопје 2014 финта направиле и нормално работниците испаштале, а 100 од нив, технолошки вишок станале.

Гратчето мое омилено - банкрот, бившиот градоначалник собрал 300.000 долари од буџетот врз основа на физибилити студии за проекти кои никогаш не се почнале, а по 20.000 долари по студија по своите другари. Одговорност никаква!

Корпоративно малтретирање и мобинг епидемија! Матичната која е генијална жена ми вика - минимум 80% од моите возрасни пациенти бар еднаш побарале боловање поради стрес на работа.

Криминалот никогаш поголем поради тоа што бандите од јужен Аукланд се во војна па секоја вечер пукање некаде. Среќа не толку жртви пошо дечкиве се од South Auckland а не Southside Chicago! Редовно погрешни куќи решетаат затоа што информациите им се неажурирани.

Синдромот на tall poppy: ако некој дигне глава и е поуспешен главата се сече и се слават медиокритети.

Образованието небаре градинка. Домашна никако, книги нема, али супер ми е Мартин според наставничките. Ќе видиме колку е супер во септември кога ќе продолжи тука. Кутриот викаше леле колку сум назад математика моиве во Скопје далеку повеќе имаат научено јас од 4то не сум мрднал.

Здравството одлично доколку се работи за повреда или нешто тешко како рак, сè друго на приватно доколку не е голем проблем. Така гинеколог не видов нит другаркиве кои раѓаа.

Дерматолог на државно нема, а земја со најголема стапка на рак на кожа. Да се надоврзам од времето само сонцето ужасно ми сметаше. Забар - две коронки 14.000 долари, протеза за Мартин исто, а третирање на корен 2.500. Психијатар државно само ако јадеш живи луѓе по улица инаку како мене ни упат не прифаќаат. На приватно едно 10.000 долари годишно.

Немање ефикасен јавен превоз така што без две коли не е изводливо.

Хипотека уште 28 години значи ќе дочекам 70 без исплатена куќа, а по 65 државната пензија ни пола рата нема да ми покрие, а касно отидовме за да имаме доволно во приватните пензиски фондови.

Да беше поблиску и не на јужна хемисфера каде што кога тука е зима таму е летниот распуст од 6 недели никако не одговара посетување на Македонија, а башка едно 5.000 евра за авионски карти. Важно маж ми секоја вечер ме прашува кога пак ќе сме го шетале Амалфи коуст. Да беше НЗ каде што е Британија, не би се вратиле.

Да мрднеш било каде, ем изгор ем далеку. А бе шо Раротонга, Кук Острови 4 саати лет, не баре Скопје - Рекјевик. Ту и таму некоја промоција до тие острови, Фиџи миџи и Австралија и Хаваи. Бали 9 саати лет! А нели сè ќе видевме! НЗ го прошетавме супер.

Прекрасна природа, романтични гратчиња, неколку големи града - Аукланд, Велингтон, Kрајстчр, Дунедин и Хамилтон. Кафич, лежалки на плажа Азис, музика сам си носиш или од комшиите.

Скара, кампување, пецање риби, пловење и All Blanks и крикет национални спортови. Сајмон: ај бротче да купиме! Шо? Ја од Скопје ти од Њу Мексико! Од бротче - пластични играчки во Вардар мада не памтам, а ти по Рио Гранде пресушена поред твојот град. Нејсе не сме за тој спорт.

Расизам нема! Не се Кивите, аустралијанци, нит Маорите, Абориџини. 80ти/90ти голема кампања за оживување на Te Reo Maori! И сеа секој на чело со хипстерчињата те поздравуваат со Kia Ora си испрале раце за крадењето земја и убивањето на Маорите со тоа.

Чиста шминка пошо системски расизам колку сакаш. Сите живеат во јужен Аукланд заедно со пацифика луѓето од по островите кои аутоматски добиваат државјанство. Повеќето на бенефит и со многу деца до 10/11. Криминал цвета од немање доволно можност иако на папир демек све нудат али не иде! Хипотека, кредит за мал бизнис потешко. Епидемија на метамфетамин и синтетичка марихуана.

Се сметаат за социјална држава, но тек сега пројдоа закон за 10 дена годишно боловање мандатирано со закон, а пред тоа биле 5. Значи при тешка болест: 10 дена, денови од одмор и зависно од работодавецот, отказ или неплатено.

Локдауните за ковид потребни или не, маме ни е*аа психички едно 10 месеци најрестроктивните мерки во свет.

Документи имаме за цел живот така што можеме секогаш да се вратиме назад ако во тој момент тоа е најпаметно. А имаме и американски и ЕУ документи, не сме без избор.

Прекрасно искуство беше Нов Зеланд и не би го мењала за ништо во светот посебно прекрасните ми другарки - Хелена, Тања, Бубе, Александра Весна и Азра ве сакам неизмерно! И нивните партнери Игор, Сокол, Влатче, Весна нејќе дечко, Ненад! Јани, Стефи и Влатко - бев искарана од Јани и да срам ми е!“

Коментари

Популарно