ОГЛАС ЗА РАБОТА: Бараме жени со големи гради

Огласот бил поставен на прозорецот на кафулето "Стамперс" во малиот град Хокитака, а фотографии од истиот брзо се прошириле на социјалните мрежи.

„Потребни се работници. Пријавете се внатре. Мора да имате големи гради, убава насмевка и добар став. И мажи можат да се пријават“, стои во огласот, со што се укажува на тоа дека жените кои не ги исполнуваат овие услови не мораат ни да одат на разговор за работа.

На социјалните мрежи огласот наишол на поделени реакции, од оние кои го бранеле тврдејќи дека е очигледно шеговит, додека други го критикувале дека е сексистички.

„Ако пишуваше: Мора да имате големи гради, убава насмевка и добар став. И жени можат да се пријават - тоа можеби ќе поминеше како симпатично“, вели еден од коментарите.

Огласот дошол и до новозеландското министерство за економија, иновација и работа од каде за "NZ Herald" истакнале дека е прекршен законот за човекови права од 1993-та година кој забранува објава на огласи за работа кои имаат намера да вршат дискриминација.

Коментари

Популарно