ФОТО: На 89 години во бикини ужива со 33 години помлад маж!

Џоана Колинс, која има 89 години, ги воодушеви обожавателите кога на својот Инстаграм профил објави фотографија во сино бикини како позира со својот 33-годишен сопруг!


Парот ужива на одмор во Сен Тропе, а актерката често ги споделува нивните интимни моменти на социјалните мрежи!

Ѕвездата од серијата „Династија“ изгледа среќно и најмалку 20 години помладо, а покрај сопругот лежерно позира во сини бикини.

Своите сини бикини ги спои со препознатливите очила за сонце и сламена капа која не само што е гламурозна туку и ја штити од сонцето.


„Кога е 100 степени во сенка, благодарна сум што имам базен“, напишала познатата холивудска дива, која со својот став и волја за живот на 89 години може да му послужи како инспирација на секого.

Изгледаш неверојатно Џоан“, „Кралицата Џоан Колинс изгледа прекрасно“, „Изгледаш неверојатно“, „Леле погледни во двајцата. Толку симпатична. Толку неверојатна драга“, „Ова можеби е најслаткото нешто што сум го имал видено цела недела“.

Двојката неодамна прослави дваесет години брак во Лондон, а според сите сметки изгледаат заљубено и среќно! Дивата се мажеше четири пати и беше во огнена романса со Ворен Бити, таа пред неколку години изјави дека нејзиниот брак со Перси е „најсреќен и последен“, а го опиша како своја сродна душа.

Еве како изгледаше Џоан каок млада: 

Коментари

Популарно