ФОТО: Битолската Ким Кардашијан се „стегна“ во танга покрај море

Можени најпопуланрното музичко шоу на Балканот, во изминатве неколку години, па дури и децении, произведе многу ѕвезди. И Македонија имаше свои „преставници“ и фаворите.Оние кои го следат шоуто ја памети ексцентричната битолчанка Марија Груевска која стигна до самото финале.

Токму поради својата несекојдневност и специфичната боја на вокалот, Марија и по завршувањето на популарното регинално музичко шоу, таа се уште е акуелна и за српските медиуми.

Неодамна за Гранд онлајн даде интервју во кое откри декали за свадбата која ќе се случи за неколку дена и таа официјално ќе заплови во брачните води со својот Синиша.

Пред да се случи големиот ден, Марија беше на летен одмор во Грција од каде преку Инстаграм прати жежок летен поздрав во црно танга бикини.

Особено внимание привлече форографијата каде седната на скутер на вода го напрчила задникот кој е во фокусот на објективот.

Објавувајќи неколку фотографии на кои ги покажува своите заносни облини, особено задникот и тенкиот струк, таа уште еднаш покажа поради што го доби и прекарот македонска Ким.

Инаку, Марија деновиве престојуваше во Грција, каде со свршеникот се одмараа пред венчавката која ќе се одржи во родната Битола.

За да го направи одморот комплетен, поранешната ѕвезда на „Гранда“ однела неколку свои пријатели на одмор, а на мрежите редовно ги известува своите фанови колку добро се забавуваат.

Потсетуваме, пејачката ќе застане на лудиот камен кон средината на август, а она што е интересно е што венчавката ќе трае неколку дена.

– Свадбата ќе биде на отворено во манастир во близина на Битола. Со Синиша очекуваме околу 600 гости, а прославата ќе трае три дена и се надевам дека се ќе биде максимално свадбено – гордо истакнала Марија во интервјуто за Гранд онлајн.

Марија и Синиша планираат да запазат одредени обичаи, а идната невеста синоќа почна со главниот – моминската вечер.

Пејачката во друштво на најблиските пријатели излегла во еден популарен македонски клуб каде поминала време до раните утрински часови, а целото женско друштво било многу весело како што доликува.

За последното излегување како „сингл“, Груевска се одлучи за краток бел фустан со шлиц и длабоко деколте, кој одлично ја истакна нејзината фигура, додека на главата носеше проѕирен вел за да нагласи дека е невеста.

Детаљот кој го привлече вниманието беше налепницата со црвени усни на нејзините гради, која ја имаа и нејзините пријателки и идната кума во нешто помали димензии.

Коментари

Популарно