(Видео)ФБИ: Алек Болдвин сепак го повлекол чкрапалото на сетот, кога загина снимателката

Истрагата на ФБИ открила дека Алек Болдвин го повлекол чкрапалото на пиштолот по што загина камерманка на сетот на филмот „Раст“.

Болдвин случајно ја застрелал Халина Хачинс за време на снимањето на филмот во октомври 2021 година, но тврдел дека тој всушност не го повлекол чкрапалото. Сепак, новата форензичка истрага на ФБИ вели дека куршумите не можеле да бидат испукани од оружје без физичко повлекување на чкрапалото, пишува Sky News.

„Пиштолот не можеше да пука без тој да го повлече чкрапалото“, се вели во извештајот.

Во извештајот смртта на камерманката е окарактеризирана како „несреќен случај“.

„Смртта произлезе од прострелна рана во градниот кош. Прегледот на достапните извештаи за спроведување на законот не покажа убедливи докази дека огненото оружје намерно било наполнето со муниција во моментот на пукањето“, се вели во извештајот.

„Врз основа на сите достапни информации, вклучително и отсуството на очигледна намера да се предизвика повреда или смрт, начинот на смрт најдобро се класифицира како несреќа“, се заклучува.

Да потсетиме, Болдвин во октомври минатата година ја застрела камерманката Хачинс (42) додека, како што рече, вежбал со пиштолот за кој верувал дека е безбеден.

Актерот, кој беше и продуцент на филмот, претходно изјави дека не го повлекол чкрапалото и дека нема поим како вистинскиот куршум завршил на снимањето. Властите, исто така, ги обвинија продуцентите на филмот за кршење на безбедносните протоколи и ги казнија со 136.793 долари. Истрагата на Одделот за животна средина во Ново Мексико покажа дека режисерите „покажале рамнодушност кон опасностите поврзани со употребата на огнено оружје на снимањето“.

Коментари

Популарно