Пожар ги зафати бараките карши Тутунски Комбинат во Скопје.
Како што дознава КУРИР од очевидци, горат напуштени бараки и дел од продавниците кај „Рампа“.

Противпожарните возила се на терен, а присутна е и полицијата.
Претпладнево избувна пожар во близина на Тутунски комбинат спроти Управата за јавни приходи, информира за МИА од бројот 112 за итни случаи.


Оттаму велат дека најверојатно горат напуштени стари бараки и оти се известени сите надлежни.
Извор: Курир.мк