Вучиќ во чеченска одора со советникот на Кадиров

Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше разговор со советникот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој исто така му испрати подароци.

Вучиќ не објави соопштение за средбата, но сепак советникот на Кадиров објави фотографии со српскиот претседател кој ја облече чеченската униформа.

„Рускиот народ за нас е братски народ, а вековната историја го докажала тоа многупати и нашите односи не може да бидат уништени“, кажал Вучиќ.

Коментари

Популарно