Видео: Прв поглед на „Индијана Џонс 5“ – Харисон Форд и Мадс Микелсен како негативец

Петтото продолжение на блокбастерот „Индијана Џонс“ се приближува сè повеќе, а фановите конечно видоа неколку први фотографии од филмот, благодарение на „Емпајр магазин“.

Поминаа речиси 15 години откако последен пат го видовме Харисон Форд во улога на легендарниот авантурист археолог Индијана Џонс, но сега тој се враќа, во петтиот филм на режисерот Џејмс Манголд – и се чини дека ќе има нов страшен непријател да се соочи.

Магазинот „Емпајр“ објави фотографии на кои се гледа познатиот дански актер Мадс Микелсен како нов негативец Волер, чиј лик е делумно инспириран од поранешен нацист Вернхер фон Браун, кој стана инженер во НАСА.

Опишувајќи го својот лик, Микелсен вели: „Тој е човек кој би сакал да поправи некои грешки од минатото. Постои нешто што може да го направи светот многу подобро место за живеење. И тој сака да се обиде во тоа. И Индијана Џонс сака да го постигне тоа. И така, имаме приказна“.

Во претстојниот филм, под режисерската палка на Џејмс Манголд („Форд против Ферари“, „Логан“), Харисон Форд се враќа во насловната улога.

Дејствието е сместено во 1969 година, односно неколку децении по настаните од Втората светска војна, следејќи го Инди во позадина на вселенската трка меѓу САД и Советскиот сојуз.

Индијана Џонс 5 ќе излезе во кината на 30 јуни 2023 година.

Коментари

Популарно