(Видео) Рада Манојловиќ во депресија по раскинувањето

Иако за тоа се шпекулираше со месеци, Рада Манојловиќ дури неодамна призна дека ја раскинала долгогодишната врска со колегата Харис Берковиќ.

Дали има нова љубов, како изгледа и што прави сега кога е сама, тимот на „Папарацо лов“ реши да провери.

Чекале четири дена Рада да го напушти станот што неодамна го купила, па екипата на оваа емисија дури отишла во нејзиното родно место, но и таму не ја најдоа.

Четвртиот ден Рада излезе од станот и замина директно на снимањето на емисијата „Магазин ин“.

Се шпекулира дека пејачката поминува низ многу тежок период, дека е во депресија и многу ретко го напушта домот.

Коментари

Популарно