(Фото) Цеца ги следи светските трендови – кога ќе видат жените веднаш ќе закажат на фризер

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ е позната по честите промени кога е фризурата во прашање.

Имено, пејачката можевме да ја видиме како русокоса, црна, бринета, со шишки, долга и пократка коса, но овој пат нејзината промена ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

Ражнатовиќ трансформацијата ја објави на својот Инстаграм профил, а тоа се влажните кадрици, па по објавувањето предизвика вистински хаос на социјалните мрежи.

Да потсетиме, на боксерскиот меч на Вељко кој пред неколку дена се одигра во Убу присуствуваа Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија и Богдана Ражнатовиќ, а таму беше и малиот Жељко Ражнатовиќ.

Цеца во таа прилика истакна дека никогаш не била погорда мајка и дека нејзините деца се пример за сите.

Коментари

Популарно