(Видео) Македонскиот претставник откри дека нема ниту мајка ниту татко, па Цеца не остана рамнодушна на неговата судбина

Целиот регион зборува за вчерашниот настап на младиот пејач од Скопје, Бојан Илиевски, на грандиозната сцена во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

На дваесет и двегодишниот пејач од Македонија ова му беше втор настап во популарното музичко шоу и со голема храброст се појави на сцената на која ги испеа песните „Син“ од Шериф Коњевиќ и „Песна“ од Шабан Шаулиќ.

Бојан освои шест гласови од жирито, а најмногу беше среќна неговата баба која со емотивни зборови се обрати пред камерите.

„Јас сум му баба од страна на мајка му. Тој нема ни татко, ни мајка, јас сум му единствена поддршка. Му починаа и татко му и мајка му“, изјави бабата на Илиевски која не можеше ги сопре солзите.

И на Бојан не му беше лесно да ја гледа од сцената, па кога тргнаа солзите утеха му пружи водителката Сања Кужет.

Емоциите беа измешани, солзите не можеа да ги сопрат, а зборови поддршка и громогласен аплауз доби од сите, и од публиката и од жирито.

„Бабата донесе среќа, шест гласови, па тоа е супер. Ова е респектабилно“, истана Саша Поповиќ и успеа да го насмее кандидатот.

„Ситуацијата е специфична, Но Бојане, види, „Ѕвездите на Гранд“ се едно големо семејство, па тоа значи дека тука сега доби едно големо семејство, многу пријатели, труди се и ти честитаме што помина во вториот круг“, објасни Поповиќ, по што момчето со насмевка ја напушти сцената.

Инаку, Бојан за ментор ја избра Цеца, која исто така се бореше со емоциите и одвај успеа без да заплаче да му посака добредојде во нејзиниот тим.

Неговиот настап е на почетокот на емисијата.

Коментари

Популарно