Времето денеска ќе биде претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови.

Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.