Времето денеска ќе биде променливо облачно со дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови.

Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, прогнозира УХМР. 

Утринската температурата ќе се спушти до минус 13, а дневната ќе искачи до 7 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи до минус 6, а дневната до 3 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено

Променливо облачно и многу студено. На повеќе места ќе дува силен ветер од северен правец (над 70 км/час). Наместа во северните подрачја и на планините ќе провејува слаб снег.

Во Скопје променливо облачно и многу студено, во делови од котлината претпладне ќе провејува слаб снег. Ќе дува силен северен ветер.

Времето денес променливо облачно со повремени врнежи

Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег.

Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата кон утре.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен слаб дожд кој во делови од котлината ќе преминува во снег, особено наутро и кон крајот на денот.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засилува.

Популарно