Moтиви Вработување, во име на Амбасадата на Швајцарија во Скопје, е во потрага по најдобрите кандидати за позицијата:

ОФИЦЕР ЗА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА/ПОЛИТИЧКИ СОВЕТНИК
Амбасадата на Швајцарија во Скопје ја има севкупната одговорност, надзор и стратешко управување со ~15 милиони евра годишно за програма за соработка во Северна Македонија. Повеќе информации за програмата можете да најдете на следниот линк: https://www.eda.admin.ch/countries/north-macedonia/en/home/international-cooperation.html
Најдобриот кандидат ќе има одговорност за развојот на портфолиото и управување со програмата, нејзиното спроведувањето, како и финансиското управување на избраните проекти под надзор на Шефот на мисијата/соработката. Тој/таа ќе биде задолжен и за следење и развој на контекстот од владина и политичка перспектива, како и за подготовка на извештаи и брифинзи.

Целосен опис на одговорности и критериуми, може да се најдат на:
https://www.eda.admin.ch/countries/north-macedonia/en/home/news/open-job-vacancies.html и
kariera.mk/swiss
Краен рок за аплицирање: 8 февруари 2023 година.
Датум на почеток: 1 мај 2023 година или порано.
Потребни документи: Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат критериумите да ја испратат својата професонална биографија, мотивациско писмо и најмалку две препораки на email: [email protected]
Забелешка: Им благодариме на сите апликанти за нивниот интерес, но само кандидатите кои ќе бидат земени предвид за позицијата ќе бидат контактирани за писмено и усно интервју.