Швајцарската Амбасада во Скопје вработува

Moтиви Вработување, во име на Амбасадата на Швајцарија во Скопје, е во потрага по најдобрите кандидати за позицијата:

ОФИЦЕР ЗА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА/ПОЛИТИЧКИ СОВЕТНИК

Амбасадата на Швајцарија во Скопје ја има севкупната одговорност, надзор и стратешко управување со  ~15 милиони евра годишно за програма за соработка во Северна Македонија. Повеќе информации за програмата можете да најдете на следниот линк: https://www.eda.admin.ch/countries/north-macedonia/en/home/international-cooperation.html

Најдобриот кандидат ќе има одговорност за развојот на портфолиото и управување со програмата, нејзиното спроведувањето, како и финансиското управување на избраните проекти под надзор на Шефот на мисијата/соработката. Тој/таа ќе биде задолжен и за следење и развој на контекстот од владина и политичка перспектива, како и за подготовка на извештаи и брифинзи.

Целосен опис на одговорности и критериуми, може да се најдат на:

https://www.eda.admin.ch/countries/north-macedonia/en/home/news/open-job-vacancies.html и

kariera.mk/swiss

Краен рок за аплицирање: 8 февруари 2023 година.

Датум на почеток: 1 мај 2023 година или порано.

Потребни документи: Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат критериумите да ја  испратат својата професонална биографија, мотивациско писмо  и најмалку две препораки на email: [email protected]

Забелешка: Им благодариме на сите апликанти за нивниот интерес, но само кандидатите кои ќе бидат земени предвид за позицијата ќе бидат контактирани за писмено и усно интервју.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно