(Фото) Лила Стојановска: „Лошата енергија не ми се совпаѓа со стилот“

Најпознатата македонска водителка на квизот „Се или нешто“, Лила Стојановска, на социјалните мрежи објави повеќе фотографии од облеката во којашто одлучила да блесне за снимањето на една од емисиите на претходно споменатиот квиз. 

Во описот на фотографиите напиша „Лошата енергија не ми се совпаѓа со стилот“ (анг.Bad vibes don't go with my outfit). Водителката и модната икона на многумина ги фасцинираше следбениците со класична бела кошула и мини суќна. Изгледот го надополни со мрежести хулахопки и отворени високи потпетици. 

Па Лила, ти нема рамна! 

Коментари

Популарно