(Фото) Лила Стојановска: „Лошата енергија не ми се совпаѓа со стилот“

Најпознатата македонска водителка на квизот „Се или нешто“, Лила Стојановска, на социјалните мрежи објави повеќе фотографии од облеката во којашто одлучила да блесне за снимањето на една од емисиите на претходно споменатиот квиз. 

Во описот на фотографиите напиша „Лошата енергија не ми се совпаѓа со стилот“ (анг.Bad vibes don't go with my outfit). Водителката и модната икона на многумина ги фасцинираше следбениците со класична бела кошула и мини суќна. Изгледот го надополни со мрежести хулахопки и отворени високи потпетици. 

Па Лила, ти нема рамна! 

Седнавме еден спрема друг на ова место: Ѓорге Давид откри дека средбата со сопругот на жената која ја усмрти ја споредува раѓањето на своето дете!

Музичарот Ѓорге Давид сепак се појавил на снимањето на емисијата „Ѕвездите на гранд“ иако се шпекулираше тоа по сообраќајната несреќа која се случи во Македонија во која тој усмрти жена.

Тој за медиумите открил како се чувствува по сето тоа.

-Се подобро и подобро сум, обврските и задачите кои доцнат поради сето тоа што се случи ме ставија сега во турбо моод, тоа е нешто што ми одговара, вели тој.

Додал дека се сретнал и со човекот чија сопруга ја прегазил на автопатот во близина на граничниот премин Табановце.

„Разговорот кој го имав со него е крајно човечки, нормален и татковски. И тој е татко на женско дете и јас сум, тоа ми е многу важно за да го симнам огромниот терет од своето срце, бидејќи и на него му беше важно да ја слушне приказната од човекот кој седел зад воланот. Мислам дека тоа исчисти дел од некои прашања и облаци во главата на него. Многу ми е важно што човекот е свесен за целата ситуација. Јас во тој момент постапив најдобро што можеше“, вели рокерот.

Давид додава дека не му се јавил лично иако го имал неговиот број, туку тоа го направил неговиот адвокат Виктор кој нашол начин како да дојде до него.

„Седнавме на јавно место, еден кон друг, тоа беше многу емотивен момент кој траеше 45 минути и тоа никогаш нема да го заборавам. До таа мера што ми е важно како раѓањето на моето дете, првиот бакнеж и првиот концерт“, вели тој.

На крајот за медиумите открил дека секој 15 во месецот мора да се јавува во судот во Куманово.

(Фото) Сопругот на Драгана Мирковиќ побогат и од Лепа Брена и Цеца, бизнисот му цвета!

Фолк-пејачката Драгана Мирковиќ викендов одржа два големи солистички концерти во белградска арена и прослави 40 години од својата кариера.

Познато е дека нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ ѝ е голем поддржувач, па нема прашање дали бил со неа за време на големата хуманитарна турнеја на која таа тргна.

Драгана и Тони важат за еден од најкомпатибилните парови на регионалната сцена. Тие се венчаа во 1999 година и од тој брак имаат две деца, синот Марко и ќерката Мануела.

Тони е познат и како многу галантен господин, а на својата сакана ѝ го оставил во аманет сиот имот што го стекнал во Виена со напорна работа.

Инаку, и на екстремно млада возраст успеал да се втурне во друштвото на најголемите деловни имиња во Австрија.

Влегол во автомобилската индустрија, инвестирал во неа со години, а денес стана сопственик на „Мајбах“ (Majbah), компанија чии автомобили се со минимална вредност од 70.000 евра.

Тој со децении поседува и градежна компанија.

Новата водителка на „Ѕвездите на гранд“ не сака да влегува во ниту еден туѓ паричник, па никој ни во нејзиниот!

Некогашната пејачка Ана Севиќ официјално е новата водителка на „Ѕвездите на гранд“ откако си замина досегашната Сања Кужет која го очекува своето второ дете.

Таа за српските медиуми вели дека е пресреќна што повторно е на истата сцена и дека има само позитивна трема.

-Дури и кога се натпреварував имав позитивна трема, никогаш онаа напната и панична трема. Постои голема одговорност, сега е подруго откако се натпреварував јас, ќе се усовршиме сите заедно и полека, вели таа.

Инаку се појавија шпекулации и дека таа ќе добива плата од 5.000 евра, но Сана Севиќ ниту сакаше да демантира, ниту да потврди.

-Не би влегла во ниту еден паричник, не го коментирам тоа, додала таа.

Популарно