Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро со слаб локален снег претежно на североистокот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Коментари

Популарно