Отворени нови работни позиции во ШПАРКАСЕ БАНКА, KFC, НЕОКОМ и многу други!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите, користејќи го широкото меѓународно искуство на Групацијата.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ – СТРУМИЦА

Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот "ZIA" кој работи повеќе од 5 години, и е пласиран на пазарот со 4 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин од внатрешната страна), Capitol Mall, 1 спрат и East Gate Mall, 1 спрат. Еден од нашите најважни приоритети е квалитетен кадар кој е задоволен од условите за работа.

Моментално е отворено следното работно место:

МЕНАЏЕР НА ПРОДАЖБА

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. Константно се стремиме кон унапредување на производството, затоа константно го прошируваме и својот тим.

Моментално е отворено следното работно место:

EЛЕКТРО ИНЖЕНЕР – ЕЛЕКТРОНИКА

Пневматикот е основата на сигурноста и комфорот на секое возило. Затоа и неговиот правилен избор и одржување се од големо значење. Токму тоа е основната определба на МОТОЦЕНТАР уште од основањето во февруари 1994 година. Денес фирмата брои 29 професионалци кои во секој момент се подготвени да Ви помогнат при изборот или надминувањето на проблемите поврзани со пневматиците.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР

Неоком е една од водечките бизнис ИТ компании. Низ годините се оформи како пример и за останатите ИТ компании на македонскиот пазар, постојано инвестирајќи во професионализација и едукација на сопствениот кадар и градејќи здрав еко систем за своите корисници. Партнерствата со многу производители на софтвери и ИКТ опрема овозможија Неоком на пазарот да понуди решенија кои ќе се вклопат дури и кај корисниците со специфични потреби.

Моментално се активни следниве работни позиции:

ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ЕЛЕКТРО-ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМИ (UPS, ГЕНЕРАТОРИ И СЛ.) ЗА НАПОЈУВАЊE
SENIOR .NET DEVELOPER
ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ИКТ ОПРЕМА - БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО
ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ИКТ ОПРЕМА - СО РАБОТНО ИСКУСТВО

Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ЗА CNC МАШИНА
ХЕМИСКИ ИНЖИНЕР

KFC еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко!

Моментално вработува:

RESTAURANT GENERAL MANAGER

Tezenis беше лансиран во септември 2003 година, во близина на Верона, Италија, со цел да се создаде бизнис во продажба на долна облека, домашна облека и пижами за мажи, жени и деца, преку продажна мрежа за франшиза. Од 2003 година, Tezenis има отворено повеќе од 190 продавници главно во Италија и во Европа. Успехот на Tezenis се должи на голем број фактори: примарни локации, огромен асортиман на производи, многу конкурентни цени и продажни техники со иновативно малопродажба.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - CITY MALL

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач на автомобили посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот. Нашите производи може да се најдат на повеќето возила денес и доаѓаат од 346 производствени операции и 93 развојни производи, инженерски и продажни центри во 27 земји. Имаме над 152.000 вработени фокусирани на обезбедување супериорна вредност за нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од светска класа.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Доколку сеуште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Коментари

Популарно