Иако според сите досегашни истражувања не може да се предвидат земјотреси, научник од Холандија на 3 февруари го најави она што точно се случи во Турција во понеделникот.
![](/uploads/zemjotres-960x522.jpg)
Холандски истражувач од институтот SSGEOS пред три дена најави можност за силен земјотрес токму во областа каде што се случи во понеделник наутро.
Иако е невозможно да се предвидат земјотреси, за жал, застрашувачките претпоставки на Френк Хугербитс беа речиси целосно точни.
Хугербитс на својот Твитер на 3 февруари напиша дека „порано или подоцна ќе има земјотрес со јачина од 7,5 степени во регионот на јужна и централна Турција, Јордан, Сирија и Либан“, што се случи во понеделник наутро.
Иако многу веројатно се работи за чиста случајност и шпекулации, значајно е што предвидувањата на Хугербитс, за жал, се остварија речиси целосно, откако катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Турција во понеделникот во 04:17 часот.
Хугербитс утринава на Твитер напиша дека сочувствува со сите погодени и додаде дека овие земјотреси се слични на оние што се случиле во 115 и 526 година, кога им претходела „критична планетарна геометрија“.