Младиот пејач Јасмин Алиевски уште еднаш брилијираше во саботата на музичкото натпреарување „Ѕвездите на Гранд“ и со сите освоени бодови од жирикомисијата, се пласираше во следниот круг.
Јасмин дополнително доби пофалби, бидејќи на сцената маестрално ги изведе двете песни и тоа во доста лоша здраствена состојба.
Алиевски имаше температура од 38 степени.
Тоа го потврди и Саша Поповиќ кога на Јасмин му даде топломер и на сцена ја измери температурата.
Пофалните зборови и без тоа се редеа на сметка на Алиевски за неговиот настап, а пак Саша кажа дека ова е најдобриот кандидат досега од Македонија…
„Сјајни се и двата кандидати, бевте одлични“ – беше коментарот на Цеца, а со неа се согласи и Вики Миљковиќ.
„Убедливо најдобри вечерва“ – искоментира Снежана Ѓуришиќ.
„Толку беа сугестивни, убедливи, беа предобри“ – кажа и Поповиќ.
Погледнете го настапот на Јасмин: