(Видео) На нашиот кандидат Јасмин му мереа температура на сцена, а тој „растури“ како и секогаш!

Младиот пејач Јасмин Алиевски уште еднаш брилијираше во саботата на музичкото натпреарување „Ѕвездите на Гранд“ и со сите освоени бодови од жирикомисијата, се пласираше во следниот круг.

Јасмин дополнително доби пофалби, бидејќи на сцената маестрално ги изведе двете песни и тоа во доста лоша здраствена состојба.

Алиевски имаше температура од 38 степени.

Тоа го потврди и Саша Поповиќ кога на Јасмин му даде топломер и на сцена ја измери температурата.

Пофалните зборови и без тоа се редеа на сметка на Алиевски за неговиот настап, а пак Саша кажа дека ова е најдобриот кандидат досега од Македонија…

„Сјајни се и двата кандидати, бевте одлични“ – беше коментарот на Цеца, а со неа се согласи и Вики Миљковиќ.

„Убедливо најдобри вечерва“ – искоментира Снежана Ѓуришиќ.

„Толку беа сугестивни, убедливи, беа предобри“ – кажа и Поповиќ.

Погледнете го настапот на Јасмин:

Аријана Гранде реши да се разведе по две години во брачните води

Аријана Гранде официјално поднесе барање за развод од отуѓениот сопруг Далтон Гомез по две години брак.

Ваквата одлука на 30-годишната пејачка доаѓа речиси два месеца откако нејзиното ново момче Итан Слејтер (31) се разведе од сопругата Лили Џеј.

Аријана наведува непомирливи разлики во судските документи до кои дојде ТМЗ, кој објави дека и Далтон поднел сопствено барање за развод речиси истовремено.

Во документите пишува дека се разделиле на 20 февруари.

Извори за ТМЗ изјавија дека отуѓената двојка се договорила за сè пред одењето на суд и дека Аријана ќе има исплата за Далтон бидејќи имале предбрачен договор.

Порталот додаде дека нема лутина меѓу двајцата, чии инсајдери рекоа: „Тие навистина се почитуваа еден со друг во секој чекор од овој проце..“

Веста за разделбата се појави кога Аријана беше забележана без бурма на тенискиот турнир „Вимблдон“ во Лондон.

(Видео) Лила ги соблече чевлите и се качи на сепаре

Познатата водителка Лила Филиповска беше дел од гостите на свадбата на водителот Миро Кацаров и неговата избраничка Ивана Кузмановска, која вчера се одржа во родниот град на водителот.

Лила за оваа прилика, но како и за сите други се дотера од глава до пети и блесна во полн сјај…

Водителката овојпат се реши за креација со длабоко деколте, додека пак на лицето имаше нежна шминка која ја истакна нејзината убавина.

Лила била една од највеселите гости на свадбата, а тоа може да се види и на „сторињата“ која таа ги сподели на Инстаграм, каде може да се види како игра качена на сепаре…

Погледнете го видеото ОВДЕ

Инди: Бракот ми беше големо разочарување, а ова е “рецептот“ за мојата добра линија

Пејачката Индира Арадиновиќ – Инди јавно проговори за операцијата на желудникот која ја направила пред три години.

Сега од оваа дистанца мисли дека изгледа добро, но дека тоа за малку ќе ја чинеше здравје.

-Рецептот за мојата добра линија е дека пред три години се оперирав, едвај преживеав заради убавината и изгледот, но и здравјето. Сакам да се хранам здраво кога имам прилика, а кога немам, одам на брза храна и јадам, вели Инди, која е се послаба и послаба.

Откри кој е нејзиниот љубовен статус.

-Среќно сингл. Секогаш сум заљубена, но во себе. Понекогаш сум несреќно заљубена во себе, па велам: „Стани, што ти е“. Не сум идеалан, не сум совршена, но да се сакам себеси, се сакам, бидејќи кој не се сака не може да ги сака и другите. После се што поминав во животот, не знам кој може да ме фасцинира, заклучува Инди за медиумите.

Бракот на пејачката со бизнисмен кој живее во Данска се распадна по само четири месеци. Како што сега истакнува, повеќе не верува во бракот како институција.

-За мене бракот е големо разочарување, мојот прв брак. Тоа не значи дека е неуспешно засекогаш, но во моментов не сум расположена да верувам дека постои човек кој би можел да ме води низ животот, вели Инди.

За потсетување, Инди била разочарана од однесувањето на нејзиниот поранешен сопруг, бидејќи тој не бил до неа во важни животни ситуации.

Популарно