Пиперките го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат крвниот притисок и ги подобруваат когнитивните функции

Освен што пиперките се идеален додаток во многу јадења, тие имаат и многу позитивни ефекти врз нашата здравствена состојба.

Дали знаете некои од нив?

Тие содржат два природни пигменти наречени зеаксантин и лутеин, кои се класифицирани како картеноиди. Тие помагаат да се зачува здравјето на очите. Заштитуваат од катаракта и макуларна дегенерација поврзана со стареењето.

Пиперките имаат повеќе витамин Ц од портокалите. Го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат крвниот притисок и ги подобруваат когнитивните функции. Во пиперките има и витамин А, кој му помага на телото да се бори против заразни болести.

Црвените пиперки содржат витамин Б6, за кој истражувањата покажуваат дека го подобрува расположението и го намалува ризикот од депресија.

Капсантинот е уште дна причина зошто треба да ги вклучиме пиперкиме во нашата исхрана. Овој ензим помага во олеснувањето на процесот на слабеење и го смирува воспалението.

Коментари

Популарно