„Дали сум цар на мрежите“ – единственото прашање кое Коста им го поставува на лекарите во психијатриската клиника

Тој не покажал интерес за соучениците, ниту пак, трошка сочувство, а единствено што го интересира е колку е популарен.

Коста Кецмановиќ ниту во еден миг не се интересирал за жртвите, единствено му е важно дали станал популарен поради својот безумен чин.

Зборуваат ли за мене, дали јас сум крал на мрежите?

Ова се единствените прашања што Коста Кецмановиќ (13) им ги поставува на персоналот на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, каде што е сместен откако минатата среда уби осум соученици и чувар, дознава српска Република.

Според изворот на порталот од установата во која е сместен, тој не покажал интерес за соучениците, ниту пак, трошка сочувство, а единствено што го интересира е колку е популарен.

„Секој ден барем еднаш прашува што се случува надвор, дали зборуваат за него, што зборуваат, особено на социјалните мрежи. Го држи некоја возбуда, се уште воопшто не е свесен што направил – вели соговорникот на српскиот портал.

Коста е под будното око на персоналот. По пристигнувањето со него разговорале конзилиум на лекари, а имал прегледи и другите денови. Сепак, тој сè уште не покажува знаци на каење за убиството на своите школски другари, како што не покажа ни за време на неговото сведочење.

Момчето што го изврши масакрот во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, цел месец го подготвувал суровиот план, како што самиот изјавил, и што се покажало по прегледот на неговиот телефон. Имено, како што било утврдено, тој на интернет го пребарал Кривичниот законик на Србија за да истражи дали децата можат кривично да одговараат. Бидејќи во јули ќе наполни 14 години, тој го забрзал целиот план. Исто така, како што беше утврдено, ноќта пред масовното убиство, тој гледал американски блокбастер за масакр во училиште во Америка.

Коментари

Популарно