(Видео) Јасмин со две македонски песни во „Ѕвездите на Гранд“ ги импресионираше сите

Пејачот Јасмин Алиевски уше еднаш докажа и покажа зошто е „зрел“ кандидат за во големото финале на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Тој се натрпеваруваше во саботата и го освои максималните шест гласови на членовите на жирикомисијата.

Јасмин изведуваше две песни, првата беше легендарната „Зајди, зајди“, а втората песна која ја пееше беше големиот хит на Тоше Проески, „По тебе“.

Жирито не ги штедеше пофалните зборови за нашиот Јасмин.

-Толку ми беше емотивна „Зајди, зајди“. Сме ја слушнале многу пати, но сега почуствав нешто. Без грешка, искоментира Мили.

„Секоја чест што ја оправда довербата, ти симнувам капа“ – искоментира неговиот ментор Ѓорѓе Давид.

Исто така го пофали и директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, кој кажа дека нашиот Јасмин бил одличен.

Погледнете го неговиот настап:

Коментари

Популарно