Делови од две општини утре без струја

ЕВН Македонија информира дека утре (14.07.2023) без електрична енергија ќе остане дел од Скопје.

Повеќечасовни прекини се очекуваат во две скопски општини:

- во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Јуриј Гагарин лоцирани помеѓу објектот на основното училиште и зградата на НАСТЕЛ (општина Карпош) , како и дел од корисниците од населба Стопански Двор место викано Блага Вода (општина Ѓорче Петров);

- во периодот од 10.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Тодор Циповски Мерџан (општина Ѓорче Петров).

 

Коментари

Популарно