(Фото) Дара Бубамара направи драстична промена во изгледот

Пејачката Дара Бубамара многу вложува во својот изглед и не се колеба отворено да зборува за темата естетските интервенции, како и за промените кои често се решава да ги направи.

Иако има верна публика која е со неа со години, Дара Бубамара се труди секогаш да им подари нешто ново и различно, поради што е секогаш интересна.

Сега пејачката сподели фотографија од новата фризура, а овој потег ги изненади нејзините следбеници на Инстаграм.

Таа ја скрати косата, а бидејќи последните години имаше долга руса коса, ова беше голема промена.

Иако се нижеа позитивни коментари на новиот изглед, не може да не се забележи дека користела филтер и Фотошоп.

Коментари

Популарно