(Фото) Дара Бубамара направи драстична промена во изгледот

Пејачката Дара Бубамара многу вложува во својот изглед и не се колеба отворено да зборува за темата естетските интервенции, како и за промените кои често се решава да ги направи.

Иако има верна публика која е со неа со години, Дара Бубамара се труди секогаш да им подари нешто ново и различно, поради што е секогаш интересна.

Сега пејачката сподели фотографија од новата фризура, а овој потег ги изненади нејзините следбеници на Инстаграм.

Таа ја скрати косата, а бидејќи последните години имаше долга руса коса, ова беше голема промена.

Иако се нижеа позитивни коментари на новиот изглед, не може да не се забележи дека користела филтер и Фотошоп.

(Фото) Наташа Беквалац слави роденден, ова е доказ дека годините се само бројка!

Познатата српска пејачка Наташа Беквалац со години е дел од јавната сцена, а низ годините е позната по бројните хитови, начин на бурен живот, како и скандали.

Таа има две наследнички, Хана и Катја, додека постарата израсна во нејзина вистинска копија која доста потсетува на неа.

Пејачката е родена на денешен ден 25 септември во Нови Сад, а многумина не ни претпоставуваат колку години полни денес.

Наташа е родена 1980-та година, што значи дека денес го прославува својот 43-ти роденден, што за многумина е шокантно со оглед дека се уште е секс бомба.

Пејачката Барбара Бобак претепала пијан гостин

Барбара Бобак пред нешто повеќе од три години стана дел од забавната сцена и оттогаш нејзината кариера е на нагорна патека. Има се повеќе луѓе кои ја сакаат и почитуваат нејзината работа, а Бобак има многу закажани настапи.

Но, неодамна изјави дека повеќе не пее на приватни забави, бидејќи не и се допаѓа енергијата на ваквите тезги.

Пејачката откри досега непознати детали од една од свадбите на кои пеела, кога претепала некултурен и пијан гостин.

На прашањето дали некогаш сакала физички да се пресмета со гостин на настап, Барбара изјавила дека оваа ситуација и се случила на приватна забава:

-Јас физички се пресметав со некого на настап. Некој беше многу пијан на свадба, тоа не беше настап, тоа беше свадба, на која јас пеев. Човекот беше многу пијан и почна да ми се впушта во лице и почна со рацете како да ќе ме фати, постар беше, еднаш му реков да се тргне од патот, го известив и младоженецот. Потоа му реков по трет пат, не се тргна, па го фатив за врат и го фрлив на подот. Потоа го изнесоа надвор и му објаснија некои работи, рече Бобак и изненади многумина.

Мина Наумовиќ: Сите лажат!

Водителот Огњен Амиџиќ неодамна ја потврди радосната вест дека тој и неговата избраничка Мина Наумовиќ чекаат бебе.

Популарниот пар веќе закажа венчавка, а сега Мина првпат проговори откако во медиумите се појави веста дека е бремена и јавно откри како се чувствува.

-Што се однесува до бременоста, ништо не е како што се рекламира, сите лажат. Едно око на челото, едно на рамо, цело време. Само стари слики ќе објавувам до пораѓање, напиша Мина во својата објава.

Водителот неодамна проговори за бременоста на Мина.

-Поводот е прекрасен. Можам да кажам дека и Мина и јас сме пресреќни. Токму тоа го посакувавме и чекавме и се случи, што да кажеме. Буквално сум пресреќен. А од друга страна, малку сум суеверен, не сакам да зборувам премногу, само да биде се во ред. Нема ништо подобро, посилно и посреќно од ова да се случи. Па можеби ќе бидам посреќен само кога ќе дојде бебето. Само да Боже здравје дека се ќе биде како што треба, изјави Огњен.

Популарно