(Фото) Жената која почина на нејзиниот концер била од Македонија - Ова е единствената изјава на пејачката

Македонската пејачка Калиопи Букле вчера требаше да има концерт во МТС двораната во Белград, но настанот беше откажан откако на една жена во публиката ѝ се слоши.

– Поради непредвидени околности, концертот на Калиопи кој беше закажан се одложува, а новиот термин дополнително ќе биде објавен. Сите купени билети за концертот ќе важат и за следниот датум. За повеќе информации во најскоро време ќе биде издадено соопштение кое ќе биде достапно на веб страната на МТС салата како и на социјалните мрежи. Ви благодариме за разбирањето, стои во соопштението од организаторот.

Според пишувањето на српските медиуми станува збор за 70-годишна жена која со својата ќерка и најблиските пријатели од Македонија дошла на концертот на Калиопи во Белград. Tие додаваат дека реанимацијата траела 45 минути, но за жал завршила без успех. Набрзо по ова салата била испразнета и лекарите се обиделе да ја реанимираат жената, но за жал, таа го загубила животот.

За немилиот настан се огласи и Калиопи, која на Фексбук напиша:

„Ова е најтажниот ден во мојата кариера…

Денес, наместо да го славиме животот на мојот концерт, загубивме еден живот…

Во мое име и во името на целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата личност.

Ова е мојата прва и единствена изјава за вечерашниот немил и мошне тажен настан за сите нас. Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање заради одложувањето на вечерашниот концерт… Новиот термин ќе биде наскоро објавен“.

Коментари

Популарно