Колку ќе ве чини обновата на нови документи во Македонија?

Како што објавија властите пред неколку месеци, личните документи на граѓаните кои не се со називот Северна Македонија ќе престанат да важат во февруари наредната 2024 година, па истите треба да ги заменат со нови иако нивниот датум на важење не е истечен се уште.

Доколку го земеме во предвид фактот дека пред неколку месеци се зголеми износот на чинење за идавање на лични документи во Македонија, граѓаните поради оваа обврска ќе бидат подложени на нови, не така мали, давачки.

Така, за промена на лична карта би требале да одвоите 310 денари, за промена на патна исправа - пасош пак, лицата под 27 години би требале да одвојат 1.700 денари доколку сакаат да го добијат по редовна постапка, и 6.300 денари по итна постапка, додека граѓаните постари од 27 години би платиле 2.300 денари по редовна постапка и 6.300 денари доколку го сакаат по итна постапка. За возачка дозвола пак, граѓаните би требале да платат 580 денари за редовна постапка и 1.400 денари за да ја добијат по забрзана, итна постапка.

Доколку нашата математика е точна, вкупниот износ што еден граѓанин треба да го одвои за замена на сите три лични документи е 2.590 денари за граѓаните до 27 години и редовна постапка или 8.010 денари за издавање на документите по итна постапка, додека за постарите граѓани износот е 3.190 денари за редовна постапка или 8.010 денари за редовна постапка.

Министерот Спасовски денеска пак уште еднаш ги увери граѓаните дека никој од нив во државава нема да биде казнет доколку ги нема заменето личните документи до февруари, но истите би требало да ги заменат. Сепак доколку граѓаните немаат валиден пасош, не би можеле да патуваат во некоја друга држава, бидејќи старите нема да важат во останатите држави во светот.

Граѓаните постојано се жалеа поради гужвите кои се создаваат на пунктовите за издавање на лични документи како и на неможноста за наоѓање термин во брзо време, па така од вчера официјално почна да работи пунктот на Министерството за внатрешни работи за промена на личните документи без закажување, кој се наоѓа во салата на полициската станица Пролет во општина Центар.

– За таа цел инсталиравме 10 базни станици каде граѓаните може да се сликаат за документите. Системот е тестиран и овозможува околу 1000 лица за период од еден работен ден да ја поминат целат процедура. Работното време на пунктот е од 8 до 18 часот ос можност да се продолжува до 20 часот, рече Спасовски во изјава за медиумите.

Коментари

Популарно