Еден од осомничените за убиството на Вања побарал лекарска помош – имал здравствени проблеми

Македонската јавност и натаму е во шок од она што го направиле организирана група на граѓани, кои извршија две убиства, 74-годишниот Панче и 14-годишната Вања.

Од извори од истрагата уште вчера беше јасно дека прв кој го признал делото бил Велибор Манев од Велес, кој и прв пристигна во Кривичниот суд со лисици на раце и во присуство на полиција.

Таму е даден исказ, а потоа пристигнаа и другите двајца осомничени. Денес во Кривичниот суд беше донесен и таткото на Вања, Александар, кој исто така е вмешан во целата ситуација.

Во понеделник околу 19 часот, порталот „Скопје1“ пренесе информација од нивни извори, од кои дознаваат дека еден од осомничените за убиството кој е во затворот „Скопје“ во Шутка, побарал медицинска помош.

Станува збор за Велибор Манев од Велес, кој посочил дека има здравствени проблеми и побарал медицинска помош.

Директорот на затворот „Скопје“ за порталот „Скопје1“ потврдил дека имало поплаки, но и дека се е во ред.

„Проверена е состојбата, Улицето е во добра општа здравствена состојба“, вели Андов за „Скопје1“.

Коментари

Популарно