Утрово по 9 часот, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) престанаа да сообраќаат по скопските улици, во знак на протест поради неисплатената декемвриска плата.
![](/uploads/jspp.jpg)
Ова беше најавено од синдикатот на ЈСП каде оттаму претходно посочија дека автобусите ќе сообраќаат до 9 часот утрово, за граѓаните, болните лица, учениците и вработените да стигнат на своите дестинации.
Во 11 часот е најавена вонредна седница на советот за субвенции на ЈСП од 11 милиони евра, а доколку субвенциите бидат изгласани, веќе од утре градски превоз пак би требало да има.