Автобусите на ЈСП прекинаа со возење по 9 часот, без изгласани субвенции превоз ќе нема

Утрово по 9 часот, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) престанаа да сообраќаат по скопските улици, во знак на протест поради неисплатената декемвриска плата.

Ова беше најавено од синдикатот на ЈСП каде оттаму претходно посочија дека автобусите ќе сообраќаат до 9 часот утрово, за граѓаните, болните лица, учениците и вработените да стигнат на своите дестинации.

Во 11 часот е најавена вонредна седница на советот за субвенции на ЈСП од 11 милиони евра, а доколку субвенциите бидат изгласани, веќе од утре градски превоз пак би требало да има.

ЈСП: Неделен возен ред в сабота и понеделник

Од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информираат дека по повод државниот празник „8 Септември“ - Ден на независноста, в сабота и во понеделник ќе се работи по неделен возен ред.

За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

- Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10 до 20 часот. Притоа, од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. Во понеделник, 9 септември, жичницата нема да биде во функција, се наведува во соопштението на претпријатието.

Утре делови од Кисела Вода, Карпош, Чаир и Гази Баба без струја

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, на ден 05.09.2024 година без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 09:00 до 10:00 часот ул. „Мишко Михајловски“ во Кисела Вода;

Од 09:00 до 13:00 чasoт дел од ул. „Копачка“, општина Карпош;

Од 08:00 до 11:00 часот дел од ул. „Крсто Арсенов“, дел од ул. „Добри Даскалов“ и дел од ул.„ Емин Дураку“ во општина Чаир и

Од 08:00 до 15:00 чasoт дел од корисниците на нас. Чукур нас. Трубарево, општина Гази Баба.

Изгаснат пожарот во Расадник

Целосно е изгаснат пожарот што избувна доцна попладнето во Расадникот на  бул. „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, нема повредени лица,  а е причинета материјална штета. Нормализирано е  и снабдувањето со електрична енергија што беше во прекин во дел од општината.

Звонко Томевски, командир на Скопската противпожарна единица, за МИА изјави дека во гаснењето на пожарот што бил пријавен во 16:06 часот учествувале осум противпожарни возила и 15 пожарникари.

-Опожарена е површина со сува трева, грмушки, автомобилски гуми и дрва што се во Расадникот. Пожарот се ширеше на повеќе страни поради горливиот материјал, но не  е дозволено  проширување  кон објектите. За кратко време беше ставен под контрола и целосно изгаснат. Нема повредени. Во тек е дежурство да не случајно се запали повторно некое место, изјави Томевски.

Претходно, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека иако пожарот во Расадник се шири во сите насоки нема да се прошири на околните објекти.

Се огласи и прес-служата на Град Скопје, од каде покра информација за состојбата со пожарот упатија и аплет до општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација, како што нагласија во соопштение, со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина.

-На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните, соопшти Град Скопје.

Популарно