(Фото) Слободни гради со набрекнати брадавици и шлиц кој отвора фантазија

Сара Мејс отсекогаш звучела уникатно, а логично дополнување на тоа е нејзината визуелна специфика по која често се издвојува од останатите на естрадата.

Тоа особено остава впечаток кога си јавна личност, а Сара не треба многу да се труди за тоа да биде и изгледа така, таа едноставно е таква и зрачи со уникатна енергија со која освојува.

NGOT FLOW е новата колекција тоалети со металик тонови кои ја истакнуваат женственоста на современата дама, истовремено потенцирајќи ја нејзината моќ, а истите се дело на Fran, односно дизајнерката и стилистка на Сара, Фросина со која соработува години наназад.

За потребите на едиторијалот од колекцијата, учество зема и самата краторка, но и нејзината славна пријателка Сара која дополнително ја зачини со својата посебна женственост, сексапил и маркантност.

-Отсекогаш сакав да бидам фатална. Друри и кога бев малечко девојче, јас всушност никогаш не сакав да бидам девојче, туку сакав да бидам жена, изјавува славната дизајнерка Дајан Вон Фустенберг, а во истото се пронајде и нашата Сара кога ги облече и почувствува овие драматични модели на фустани кои совршено го нагласуваат сексапилот.

Се вели дека фатална жена е онаа која само преку своето појавување ќе направи секс во умот, а Сара во голем дел од својата визуелна експресија во едиторијалот го направи тоа, особено во еден од моделите каде градите се слободни, пупките видливо набрекнати, а шлицот високо отворен точно на препони за да ја поттикне фантазијата како совршена умствена предигра.

Мистична модна еротика, сосема функционална за перфектен впечаток за она што треба да се постигне- венимание кое ќе се задржи подолго од вообичаено.

Коментари

Популарно