Фризерската професија се повеќе се соочува со недостиг од работници во Хрватска.
Сопственичката на фризерски салон во загрепската населба Пречко нуди плата од 1.200 евра, но како што изјави за Пословни дневник, не може да најде работничка.
Заедно со уште едно вработено лице, сопственичката на салонот работи секој ден освен недела, а поради големиот обем на работа веќе подолго време неуспешно се обидува да најде дополнителен работник.
Поради високите трошоци за сместување и храна, таа нема намера да ја прошири потрагата надвор од Хрватска, па се надева дека наскоро некој од Загреб или околината ќе се јави на нејзиниот оглас.