Прадедото на малата Данка: Не знам дали мојата Ивана е добра мајка

Прадедото на малата Данка Илиќ, која исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути, шокираше со изјавата дека има добри и помалку добри мајки, пренесуваат српските медиуми.

Прадедото на малата Данка Илиќ, Јокса Драгомировиќ од Брестовац, вчера беше зад тракторот и цел ден возеше од куќата до полето.

На прашањето како се справува со сето она што се случи изминатава недела, тој истакна дека на сите им е многу тешко, и дека не може да тврди дека видеото наводно снимено во Виена на Данка е навистина неговата правнука.

„Немам наочари и не можам да кажам дали на видеото е мојата правнука. Дете како дете, така изгледа. Штом слушнав што се случило, го однесов тракторот до мојот семеен имот во Бањско Поле. Ивана порасна таму. Го барав детето два километри наоколу, но ја немаше. Мала е, ни 100 метри не можела сама да помине“, кажал прадедото на Данка.

„На сите им е тешко, што да ви кажам. Ивана се омажи и живее во Бор. Не знам како живее. Можам само да кажам дека има добри мајки, и помалку добри“ изјавил Јокса Драгомировиќ.

На прашањето дали тоа значи дека неговата внука не е добра мајка, тој кратко одговорил:

„Не знам, не го кажав тоа. Засега само го чекаме соопштението на МВР и тоа ќе ни биде пресудно што ќе кажат, но верувам дека мојата Данка е жива“, ја пренесуваат изјавата српските медиуми.

Инаку, според написите за тамошните медиуми во селото во разговор со мештаните тие кажале дека семејството Драгомировиќ било чудно.

Коментари

Популарно