Еве од што секоја жена треба да се плаши во староста: Мудро предупредување на Пауло Коелјо

Многу од жените после завршување на некоја врска се соочуваат со ослободување од товарот на минатото и често тој товар го носат со себе долго време.

Сфаќаат дека враќање во односот којшто бил штетен за нив нема никаква смисла, но една од главните причини за тоа е стравот од самотијата.

Еве што вели Пауло Коелјо, каде жените грешат во животот.

После одредено време, маглата се расчистува, а спознанието доаѓа. Сфаќаат дека личноста со која биле има длабоко вкоренети психолошки карактеристики кои не им одговараат. Сфаќаат дека таа личност нема да се смени, но дека можат да го сменат својот живот.

Тоа е момент кај Пауло Коелјо, популарниот бразилски писател, кој го окарактеризирал со своите мудри зборови:

„Доколку не најдете сила да бидете среќни самите со себе, засекогаш ќе бидете осамени и зависни“.

Секоја жена треба да ја бара хармонијата со самата себе и да се чувствува удобно дури и кога е сама. Инаку, почнува да го комплицира својот живот и да ги обвинува другите за својата несреќа.

Осаменоста почнува кога ќе се изгубите себеси

Клучно е да преземете одговорност за своите постапки и да не ја префрлате вината на партнерот, како и да се прифатите себеси такви какви што сте и да не се враќате назад. Осаменоста почнува кога ќе се изгубите себеси.

Дури и мажените жени со деца можат да се чувствуваат осамено, додека пак постојат и оние кои целосно уживаат во својата самотија. Да бидете сами и да се чувствувате удобно во својата кожа е исклучително важно.

Оваа состојба е привремена и не треба да се плашите поради истата.

„Личноста која се чувствува добро кога е сама со себе е заштитена од грешки“, вели Пауло Коелјо.

Тоа може да ги одбие мажите

Осамената жена која не воспоставила хармонија со самата себе може да ги одбие мажите затоа што таквата состојба лесно се забележува.

Секој маж природно бара жена која има самодоверба, која е мудра и разумна. Кога жената ќе помине низ процесот соочување со своето минато, ќе се наполни со позитивни емоции и повторно ќе воспостави контакт со себе, тогаш ќе пронајде виталност и ќе привлече партнер којшто ќе ја цени.

Коментари

Популарно