ТРАГЕДИЈА: Млад актер пронајден мртов во шума, два дена откако беше обвинет за семејно насилство

Актерот Кол Брингс Пленти (27) беше пронајден мртов само два дена откако беше обвинет за семејно насилство.

Не бил виден откако полицијата била повикана на имотот каде што една жена врескала за помош. Потоа по него е распишана потерница.

-Бидејќи никој не можел да го лоцира, тој бил пријавен како исчезнат, пишува Sky News.

Бригс ја пропушти аудицијата за претстојниот филмски проект кој беше закажан преку Зум, што тие велат дека било невообичаен за него.

Во меѓувреме бил пронајден неговиот напуштен автомобил, а неговото тело набрзо било откриено во шумата.

Инспекторите и медицинските лица се на терен, но детали за причината за смртта не се соопштени.

Таткото на актерот, Џо, рече дека е благодарен за сите молитви и позитивни мисли кои се упатени кон неговиот син.

Коментари

Популарно