Исцртај го твојот пат до успехот и придружи ни се на првите Денови на кариера powered by KARIERA.mk од 7 до 9 јуни во East Gate Mall

Не си вработен и незнаеш како да го започнеш почетокот на твојата кариера?

Тогаш дојдe на вистинското место!

Career Days  со заеднички напори на KARIERA.mk и East Gate Mall од петок, 7 јуни до недела, 9 јуни 2024 година. Овој настан служи како витална платформа за неодамно дипломираните студенти и професионалци кои бараат нови можности за кариера. Денови на Кариера е нов проект и настан чија цел сигурно ќе ја повториме во текот на годината. Целта на настанот е сите оние кои имаат потреба од работа да ја пронајдат помеѓу учесниците, додека компаниите ќе имаат можност да се презентираат пред посетителите.

За сите компании кои сакаат да се придружат на настанот и да ги прикажат своите можности, овој настан нуди шанса за активно вклучување и истражување на нови групи на кандидати, проширување на вашата мрежа и истакнување на вашиот бренд. Со нетрпение го очекуваме вашето учество во обликувањето на иднината на работната сила и негувањето значајни врски.

Главните причини зошто треба да бидете дел од настанот:

  • 1 јуни го означува крајот на летниот семестар за сите студенти, поттикнувајќи лов на работа
  • Голем број на професионалци кои бараат нови можности за кариера и кои ќе бидат дел од викенд настанот во East Gate Mall

Времетраење на настанот:

Денови: 07-09 јуни

Време:

  • Петок 17:00-20:00
  • Сабота 12:00-20:00
  • Недела 12:00- 18:00

Следи нѐ на социјалните медиуми за да дознаеш повеќе информации. Твојата иднина почнува тука!

Коментари

Популарно