Се предаде третоосомничениот за убиството кај Мавровка

Се предаде третоосомничениот за убиството кај Мавровка. Се појавил во полициската станица Пролет со тврдење дека не бил вмешан во убиството.

Претходно беше побаран притвор за првиот, вториот уапсен беше ослободен, а по третиот се трагаше од вчера.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија третоосомничениот за убиството кај Мавровка е во полициска станица Пролет.

Според досегашните информации, тој сам се предал на властите. Според неофицијалните информации, самопредадениот негира каква била одговорност во убиството кај Мавровка.

Коментари

Популарно