Се предаде третоосомничениот за убиството кај Мавровка. Се појавил во полициската станица Пролет со тврдење дека не бил вмешан во убиството.
Претходно беше побаран притвор за првиот, вториот уапсен беше ослободен, а по третиот се трагаше од вчера.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија третоосомничениот за убиството кај Мавровка е во полициска станица Пролет.
Според досегашните информации, тој сам се предал на властите. Според неофицијалните информации, самопредадениот негира каква била одговорност во убиството кај Мавровка.