Поддршка до 30 илјади евра за младите да отворат свој бизнис и 250 евра ваучер за студентите за купување електронски уред

Поминаа 100 дена од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Период доволен за една внатрешна ретроспектива и ревизија на расипничкото работење во изминатите 7 години, но и пресвртен момент во кој правиме значаен чекор кон испорачување на светла иднина за сите, истакна Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите луѓе, како што рече, во првите 100 дена увидоа дека во Владата, Собранието и институциите можат да имаат конструктивен партнер со кого преку дијалог и работа ќе ги решаваат сите предизвици.

„По успешната интервенција и обезбедување на пари од буџетот за студентите, лекарите, студентските домови и инфраструктурни проекти, продолжуваме со новитети во креирањето на младинските политики.

Македонската влада, обезбедува фонд во вредност од 10 милиони евра за развој на бизниси за млади лица од 18 до 29 години, кои со својата креативност, визија и идеја, добиваат можност за добивање грант за поддршка во износ и до 30 илјади евра. На овој начин, ја стимулираме домашната економија, поттикнуваме економска активност и најважно од се, создаваме финансиски независни и успешни индивидуи.

Со новиот буџет кој е во изработка Владата преку јасни критериуми и воспоставен јасен систем, ќе подржува ваучери во вредност до 250 евра за купување на електронски уреди за сите студенти во Македонија“, додада тој.

Целта како што рече е создавање на младина која е едуцирана, која континуирано учи и твори во Македонија, а истовремено развива и извезува идеи и вештини пред целиот свет. Со овој проект, според него, се приближува технологијата до секој еден студент и се олеснува пристапот кон глобалните и светските текови.

Коментари

Популарно